Германската влада усвои предлог-закон за забрана на пластични кеси во малопродажба, со исклучок на помали кеси за пакување на овошје и зеленчук.
Во случај на непочитување на законот предвидени се казни до 100.000 евра, пренесе „Танјуг“.
– Пластичните кеси се симбол за залудно трошење на ресурси. Нивното производство бара нафта, а во употреба се само неколку минути и често завршуваат во природата, каде се потребни децении за да се разложат – изјави германската министерка за животна средина Свена Шулц при претставувањето на законот.
Таа рече дека употребата на пластични кеси е драстично намалена од 2016 година, кога владата и трговците на мало се согласија да ги користат помалку, и тоа од 70 парчиња по жител во 2015 година, на 20 парчиња во 2018.
– Забраната треба да резултира со тоа употребата на пластични кеси целосно да замре – рече Шулц.
Забраната не се однесува на кеси со дебелина под 15 микрометри, што значи дека таа не ги опфаќа кесите кои во малопродажба се користат за пакување на овошје и зеленчук