Офанзивата на одметнатиот либиски генерал Халифа Хафтар на главниот град Тирполи создаде генерација на неискусни и во голема мера заборавени млади луѓе застанаа во одбрана на нивниот град, пишува „Африка репорт“.
Походот на Либиската национална армија (ЛНА) на Хафтар, кој започна во арпил, доживеа голем пораз на 27 јуни кога ја загуби контролата над градот Гарјан, стратешка локација на околу 100 километри од главниот град Триполи.
Луѓето кои го ослободија градот од ЛНА се збир од искусни воени ветерани и локална група на тинејџери кои брзо одлучија да земат оружје в раце. Тие беа деца за време на револуцијата во 2011 година, а сега тие го бараат своето место и признание во борбата – пишуваат од „Африка репорт“.
Иницијативата да регрутира тинејџери е на 40-годишниот искусен војник Мефтах ал-Гануди, ветеран во специјалните сили РАДА, милиција со скоро 1.000 членови во Триполи. Неговите совети за младите борци се едноставни и многу јасни.
– Едноставно е: оние кои не слушаат и оние кои не ги почитуваат правилата се веќе мртви – се дел од советите на ал-Гануди.
Тој за „Африка репорт“ објаснува дека важно е на младите борци да им се даваат совети, за како што вели тој, глупаво да не ги загубат животите.
Голем број на семејства во земјата се растурени поради граѓанската војна, а родителите секојдневно стравуваат за животот на младите борци, кои немаат друга можност освен да го земат оружјето в рака и да војуваат.