Залмаханов (2.447, рангиран 117-ти пред турнирот) по четири кола е трет, со играчки перформанс од 2.890 рејтинг-поени
Интернационалниот мајстор (ИМ) од Казахстан, Рамазан Залмаханов (2.447, рангиран 117-ти пред турнирот), е најпријатното изненадување по четвртото од предвидените 11 кола на големиот турнир на Светската шаховска федерација (ФИДЕ), на британскиот остров Ман.
Играат 106 велемајстори (ВМ) за пласман на Турнирот на кандидатите во Торонто в година за предизвикувач на светскиот првак во машка и во женска конкуренција, а каде што има место само за првите двајца во двете конкуренции. Тој во ова коло ремизира со ВМ од Србија, Алексеј Сарана (2.682, 21-от) и со три поени засега е на третото место, со играчки перформанс од 2.890 рејтинг-поени и освоени нови 22,2 рејтинг-поени.
На врвот со 3,5 поени е осамен рускиот ВМ Андреј Есипенко (2.683, 32-от). Од второто до 18-то место има група од 17 шахисти со по три поени, меѓу кои се и прворангираниот, ВМ од САД Фабијано Каруана (2.786), неговиот сонародник Хикару Накамура (2.780, рангиран втор), Французинот, Алиреза Фирузја (2.777, рангиран трет) итн.
Во женска конкуренција со по 3,5 поени водат ВМ од Кина Тан Жонги (2.517, рангирана четврта), ВМ од Украина Ана Музичук (2.510, петта), ИМ од Индија Рамешбабу Ваишали (2.448, 12-та) и ИМ од Казахстан Бибисара Асаубајева (2.469, 10-та). Прворангираната, ВМ од Русија Александра Горјачкина (2.558), е осма со три поени, колку што имаат уште четири шахистки. Г.И.