Со трката на патеката „Сузука“ (Јапонија), единствената во форма на бројот осум во календарот, утре (почеток на трката во седум часот) продолжува сезоната во Формула 1. На патеката од 5,807 км, каде што првпат гранпри-трка се возеше во 1987 година, најмногу победи и пол-позиции има Михаел Шумахер (шест, односно осум), а рекорден круг извозе Луис Хамилтон во 2019 година. Во минатите две години на оваа патека победи актуелниот првак Макс Ферстапен, во 2019 година славеше Валтери Ботас, а пред тоа две години во низа победуваше Хамилтон. По првите три трки сезонава, во кои победија Ферстапен (двапати) и Карлос Саинс, води Ферстапен со 51 бод, а потоа следуваат Шарл Леклер со 47, Серхио Перез со 46, Саинс со 40, Оскар Пјастри со 28… Н.М.