ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ВО 2024 ГОДИНА

Една од најпознатите светски велосипедски трки, Тур де Франс, првпат откако постои ќе почне во Италија, во 2024 година, поточно од градот Фиренца, по повод стогодишнината од победата на Отавио Ботекија на Тур де Франс, што беше и прва победа на еден Италијанец. Првите три етапи ќе се возат во Италија, а трката ќе заврши во францускиот град Ница, што е, исто така, првпат (вообичаено завршува во Париз).
– Досега трката тргнуваше од сите земји што се граничат со Франција. Дури, Тур почна шест пати од Холандија, која, пак, нема заедничка граница со Франција, но никогаш досега не тргнала од Италија – изјави директорот на трката, Кристијан Прудом, пренесува „Би-би-си“.
Тур де Франс в година ќе почне во шпанскиот град Билбао на 1 јули, а ќе финишира во Париз на 23 јули. Тур де Франс досега имал 109 изданија, а 24 пати трката почнувала надвор од Франција. Годинава на трката, која тргна од Копенхаген, триумфира Данецот Јонас Вингегард. Г.И.