КАРАТЕ – КУП НА МАКЕДОНИЈА ЗА КАДЕТИ, ЈУНИОРИ И ЗА ПОМЛАДИ СЕНИОРИ

Карате-клубот Штип е најуспешен на Купот на Македонија за кадети, јуниори и за помлади сениори (до 21 година), кој се одржа во Охрид, со освоени 11 медали, и тоа по четири златни и сребрени и три бронзени. Втор е Олимпик спорт со осум медали (3-1-4), а трет е Макпетрол со седум (3-1-3). На Купот настапија 203 натпреварувачи од 44 клуба, а победниците со вкупно најмногу бодови од овој Куп, како и од плејофот, кој ќе се одржи в сабота во Кичево, ќе обезбедат настап на Светското првенство во Венеција, во октомври годинава.
Победници: кадети/ки (ката): Блерина Зендели (Ускана) и Борјан Димовски (Гладијатор). Кадетки (борби): Блина Горенца (до 47 кг, Дибра), Душица Бреслиева (до 54 кг, Штип), Мила Штериева (до 61 кг, Штип), Јана Тануровска (над 61 кг, Маваши). Кадети (борби): Дамјан Митревски (до 52 кг, Кунсуто), Јован Враклевски (до 57 кг, Кизаме), Дарин Куртановиќ (до 63 кг, Кеикс), Марко Филиповски (до 70 кг, Автокоманда), Даријан Николовски (над 70 кг, Шампион). Кадетки јуниорки (ката, екипно): Заншин до. Кадети јуниори (ката, екипно): Јошитака. Јуниорки (борби): Мартина Петреска (до 48 кг, КК Чоле), Илијана Серафимова (до 53 кг, Кизаме), Драгана Ефтимовска (до 59 кг, Штип), Речи Мируше (до 66 кг, Форца). Јуниори (борби): Цветан Маргаритов (до 55 кг, Ботони), Андреј Стојчевски (до 61 кг, Кизаме), Филип Наумовски (до 68 кг, Металург), Фисник Шаќири (до 76 кг, Матејче), Дрини Хајредини (над 76 кг, Дрини). Јунори/ки (ката): Данка Стојкова (Сансаи Метал Апостолов) и Нуредин Дервиши (Ускана). Помлади сениорки (ката, екипно): Гладијатор. Поединечно: Јована Манчевска (Фунакоши Гичин) и Марко Поптодоров (Гладијатор). Помлади сениорки (борби): Михаела Мишовска (до 50 кг, Олимпик спорт), Ива Пецевска (до 55 кг, Олимпик спорт), Јована Мицовска (до 61 кг, Макпетрол), Ера Коџа (до 68 кг, Дибра), Ердона Зибери (над 68 кг, Фати). Помлади сениори: Бесрат Мемети (до 60 кг, Башкими), Матеј Белистојаноски (до 67 кг, Олимпик спорт 2007), Љупче Михајлов (75 кг, Штип), Данило Божовиќ (до 84 кг, Макпетрол), Стефан Стојановиќ (над 84, Макпетрол). Г.И.