Фото: Фејсбук/Официјална страница на гранслем-турнирот Вимблдон

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина е освојувачка овогодишното издание на гранслем-турнирот Вимблдон, откако во финалето ја совлада Тунижанката Онс Жабер со 3-6, 6-2 и 6-2 по сетови, за еден час и 17 минути игра.

За Рибакина ова е прв гранслем-трофеј. Со 23 години таа е најмладата шампионка на Вимблдон уште од 2011 година, како и прва претставничка на Казахстан што триумфирала на гранслем-турнир во поединечна конкуренција.

Згора, Рибакина е првата тенисерка во последните 16 години што успеа ја освои титулата на Вимблдон откако го загуби првиот сет во финалето.

Рибакина е родена во Москва, но настапува под знамето на Казахстан од 2018 година.