ШАХ – ПОЕДИНЕЧНО ШКОЛСКО ЕП

Македонскиот шахист Леонид Петрески постигна голем успех, освојувајќи го првото место на Европското поединечно школско првенство (ЕП) во возрасната категорија до 17 години, кое се одржа во Цетиње (Црна Гора).

Во конкуренција на 54 учесници од седум земји (Македонија, БиХ, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово), Петрески (1.934 рејтинг-поени) освои осум поени од девет можни (седум победи и две ремија, без пораз), нови 100,8 рејтинг-поени, но и играчки перформанс од 2.189 рејтинг-поени.

Од другите македонските претставници, кои беа 15, одличен трет во оваа категорија беше и Теодор Јовановски (рејтинг 1.950), со седум поени (седум победи и два пораза).

Во категоријата до 13 години, во конкуренција на 34 шахисти, од седум држави, настапија и тројца македонски претставници. Најдобар пласман оствари 10-годишниот Никола Петровски (рејтинг 1.379), кој го освои четвртото место, со шест поени од можни девет (пет победи и по две ремија и пораза). Г.И.