КОЊИЧКИ СПОРТ – ПРВЕНСТВО ВО ДРЕСУРНО ЈАВАЊЕ
На теренот на скопскиот коњички клуб Анималс, во населбата Дрма, се одржа третото коло, финале од Отвореното првенство на Македонија во дресурно јавање за годинава. Според план-календарот на Федерацијата на коњички спортови на Македонија за 2022 година, беа одржани четири натпревари, и тоа во категориите А, М, ЛМ и Пони, со задолжителна програма во времетраење од 3 до 4 минути.
Во првиот натпревар, во категоријата сениори, победи Ирена Гроздановска со грлото Дон Октавијан. Во вториот натпревар, во категоријата јуниори, првото место го освои Леонида Гроздановска со грлото Џилдан, а втора беше Сандра Маслинко, со грлото Војвотка. Во третиот натпревар, во категоријата Деца, триумфира Калина Колевска со грлото Војвотка, пред Лиа Кајев со грлото Нур и третопласираната Нина Митрева со грлото Канца. И во четвртиот, последен натпревар, во категоријата Пони, најдобра беше Ева Крстовска со грлото Доктор Ди, додека второто место ѝ припадна на Нина Митрева со грлото Змеј. Г.И.