БЕЈЗБОЛ
Бејзбол-тимот Тексас ренџерс ја освои титулата во американската беjзбол- лига (МЛБ), откако во петтиот натпревар од плејофот, одигран на стадионот „Чејс Филд“ во Феникс, убедливо ја совлада Аризона со 5-0.
Успехот е дотолку поголем што Тексас со таа победа стигна и до својата прва титула во МЛБ-лигата, со победничка серија од 4-1, по сезона во која загуби дури 102 натпревари, но и перфектен ефект на гостувањата во плејофот со 11 победи без пораз. За Аризона, пак, ова беше второ финале, а има само една освоена титула во 2001 година.
Во плејофот, клубот Тексас ренџерс ја почна серијата од вајлд-карта елиминирајќи ја Тампа Беј Рејс со 2-0, во четврт-финалето беше подобар од Балтимор со 3-0, а во полуфиналето од Хјустон со 4-3.
Клубот од Арлингтон е основан пред 63 години, а досега ги загуби финалињата во 2010 и 2011 година. За најдобар играч на финалната серија беше прогласен Кори Сигер, кој истата награда ја доби и во 2020 година, но како член на Лос Анџелес доџерс. Г.И.