Втор заврши Педро Акоста, кој и понатаму е лидер во генералниот поредок
МОТОСПОРТ
Мотоциклистот на Фанатик рејсинг, Италијанецот Келестино Виети, победи на трката за ГН на Австрија во категоријата Мото 2 од Светскиот шампионат во мотоциклизам. Втор е Шпанецот Педро Акоста, кој и понатаму е лидер во генералниот поредок, а патем и ја зголеми разликата во однос на Италијанецот Тони Арболино.
На крајот на трката, Виети и Акоста останаа сами на врвот, а Педро Акоста, кој имаше несреќи викендов и покажа доза несигурност во борбата за врвот, реши да се повлече пред трката.
Тоа го искористи Акоста, оти ја зголеми предноста во поени во генералниот поредок пред Арболино, кој заврши само шести во Австрија. Виети, кој сезонава првпат се најде на подиумот, славеше по петти пат годинава, додека трет заврши Аи Огура, неколку секунди зад Акоста. Г.И.