Одбојкарките на бранителот на титулата Работнички забележаа втора победа против Струмица во финалето од плејофот на домашниот шампионат, славејќи со 3-0 (28-26, 25-20 и 25-21 по сетови) во денешниот меч одигран во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“.
Работнички е на чекор од одбрана на шампионската титула, за што му е потребна уште една победа, откако го доби и првиот дуел во Струмица со убедливи 3-0 (26-24, 25-23 и 25-17).
Третиот меч, кој може да биде и последен во финалната серија, се игра в сабота во Струмица.