ШАХ – ОТВОРЕНИ ПРВЕНСТВА НА МАКЕДОНИЈА

Интернационалниот мајстор (ИМ) Никола Николовски (2.340 рејтинг-поени, рангиран петти пред почетокот) во машка и Леа Ефтовска (1.653, рангирана петта) во женска конкуренција водат по шестото коло (од предвидените девет) на Отворените првенства на Македонија во шах, кои се играат во Скопје. Во конкуренција на 95 шахисти (еден ВМ, три ИМ, шест ФМ), Николовски во ова коло успеа да го победи ланскиот шампион ИМ Филип Панчевски (2.543, рангиран прв) и има 5,5 поени, додека го следи група од шестмина шахисти со по пет поени.
Меѓу 10-те шахисти (еден ЖФМ), Ефтовска беше подобра од Викторија Велеска (1.688) и моментно има пет поени. Минатогодишната шампионка, ЖФМ Моника Стојковска (2.042, рангирана прва), со црни фигури ремизира по 83 одиграни потези против Инџи Ајрадиноска (1.482), што претставува изненадување. И двете имаат половина поен помалку од Ефтовска.
Наградниот фонд кај шахистите изнесува 240.000 денари, победникот ќе добие 60.000, додека најдобрата кај шахистките 80.000 денари ќе добие 26.000.
Позначајни резултати во шестото коло, мажи: ВМ Станојоски – ИМ Лазов реми (36 потег), Трајковски – ФМ Ристески 0-1 (27), Петрески – ФМ Велјаноски 0-1 (22), Михов – ФМ Велески 1-0 (38), Димковски – АФМ Златков 0-1 (51) итн.
Резултати шесто коло, жени: Јакимова – Жежовска 0-1 (28), Брнс – Крстевска 0-1 (25), Лазарова – Манова 0-1 (27), Ајрадиноска – ЖФМ Стојковска реми (83) и Ефтовска – Велеска 1-0 (38). Г.И.