Клубот Анималс беше најдобар на Вториот ноемвриски коњички турнир и последното (6. коло) од Отвореното Државно првенство во прескокнување пречки одржани денес на терените на клубот Илинден на хиподромот во скопско Маџари.
На програмата беа пет натпревари во прескокнување на пречки. Резултати:
Класа Д – висина 0,9/1 м.:
1. место Лиа Каев со грлото Нур од КК Анималс
2. место Сандра Маслинко со грлото Прешес од КК Анималс
3. место Горјан Атанасовски со грлото Колди од КК Илинден
Класа Ц – висина 1/1,1 м.:
1. место Сиља Дуковска со грлото Најтингел од КК Илинден
2. место Лиа Каев со грлото Нур од КК Анималс
3. место Петар Милошевски со грлпто Надја од КК Бравадс
Класа Б – висина 1,1/1,2 м.:
1. место Леонида Гроздановска со грлото Кардино од КК Анималс
2. место Петар Милошевски со грлпто Надја од КК Бравадс
3. место Ветон Куртаи со грлото Флинстон од КК Илинден
Класа А – висина 1,2/1,4 м.:
1. место Леонида Гроздановска со грлото Кардино од КК Анималс
Класа Дебитанти – висина 0,6-0,7 м.:
Сите што го апсолвираа паркурот без казнени поени делат прво место
Матеа Димовска со грлото Прешес од КК Анималс
Кристина Антовска со грлото Октавијан од КК Анималс
Лидија Бјурневал со грлото Прешес од КК Анималс.