На турнирот ќе настапат пет клуба, од Македонија, Србија и од Хрватска. Влезот е слободен

ВАТЕРПОЛО – УТРЕ И ЗАДУТРЕ ВО СКОПЈЕ

По повод празникот 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, во базенот „Карпош“ при СЦ „Борис Трајковски“, утре и задутре ќе се одржи 37-от меѓународен ватерполо-турнир за пионери (возрасна категорија до 14 години), во организација на ПВК Локомотива од Скопје. На турнирот ќе настапат пет клуба, од Македонија, Србија и од Хрватска. Влезот е слободен.
– Со овој традиционален турнир, кој првпат се одржа во 1981 година, а го организира ВК Вардар, ние всушност продолжуваме да работиме со помладите категории, со кои настојуваме да го подобриме квалитетот, кој, пак, во последниве 10 години има одредена стагнација. Имаме перспективни деца, но со нив треба да се работи. На турнирот има екипи од Хрватска и од Србија, со што тој добива на тежина, а како фаворити се издвојуваат Ниш и Медвешчак, а ние напредувавме во однос на ланскиот турнир во Дојран – вели спортскиот директор на организаторот на овој турнир ПВК Локомотива и координатор на стручниот штаб на клубот, Боро Стефановски. Г.И.


РАСПОРЕД

САБОТА
Наис (Ниш) – Медвешчак (Загреб) 10 ч.
Вардар 8 (Скопје) – Расина (Крушевац) 10.45 ч.
Локомотива (Скопје) – Медвешчак (Загреб) 11.30 ч.
Наис (Ниш) – Вардар 8 (Скопје) 12.15 ч.
Локомотива (Скопје) – Расина (Крушевац) 17 ч.
Вардар 8 (Скопје) – Медвешчак (Загреб) 18 ч.
Наис (Ниш) – Расина (Крушевац) 19 ч.

НЕДЕЛА
Локомотива (Скопје) – Наис (Ниш) 11 ч.
Расина (Крушевац) – Медвешчак (Загреб) 12 ч.
Локомотива (Скопје) – Вардар 8 (Скопје) 13 ч.