Фото: Маја Јаневска-Илиева

ОДБОЈКА – ЕВРОПСКА ЗЛАТНА ЛИГА

Македонската машка одбојкарска репрезентација во Златната европска лига утре игра со водечката во групата Б, Украина, во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ (20.15 ч., влезот е бесплатен), во последното шесто коло во групната фаза, во трката за пласман на второто место во групата Б. Македонија по пет кола е трета во својата група во Европската златна лига, со шест бода, колку што има и второпласираната репрезентација на Белгија. Од таа група пласман на фајналфор-турнирот, покрај домаќинот Хрватска, обезбеди Украина.Женската репрезентација на Македонија, пак, е последна во групата А на Сребрената европска лига, каде што е дебитант, и денеска (17 ч.) ќе игра на гости со Австрија, која заедно со Естонија на едно коло до крајот на групната фаза се пласира во завршницата на ова натпреварување. Г.И.