ШАХ – ЕКИПНО СП ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ ЛИЦА

Македонската репрезентација ја оствари првата победа на Светското екипно првенство во шах за слепи и за слабовидни лица, во Охрид, на дуелот со Хрватска, со 2,5-1,5. На првата табла, Жарко Селковски (рејтинг 1.967) сo црни фигури загуби од Хинко Кајзлер (2.081), Миле Чапанов (1.951) ја доби партијата со Бранко Беган (1.824), Зоран Костадиновски (1.913) беше подобар од Мишо Чуљак (1.685), а Трајче Димов (1.617) загуби од Новица Дражетиќ (1.605). Други резултати од оваа група: Италија – Индија 2,5-1,5, Израел – Шпанија 1-3 и Србија – Германија 1-3. Табела: Шпанија и Германија по четири бода, Србија, Индија, Македонија и Италија по два, Израел и Хрватска без бодови. Во 3-то коло, вчера, Македонија играше со Италија. Резултати во втората група: Косово – Бугарија 2-2, Словенија – Унгарија 1,5-2,5, Франција – Украина 0-4, Полска – Романија 4-0. Табела: Полска, Украина и Унгарија по четири бода, Романија два, Бугарија и Косово по еден, а Словенија и Франција се без бодови. По седум кола, најдобрите две репрезентации од двете групи одат во полуфиналето. Г.И.