Фото: Маја Јаневска-Илиева

ОДБОЈКА – ЕВРОПСКА СРЕБРЕНА ЛИГА

Одбојкарите на Македонија вчера попладне играа за третото место, против Унгарија, на фајналфор-турнирот во Европската сребрена лига во Будимпешта (Унгарија). Во синоќешното финале, Финска играше против Романија, победникот на тоа натпреварување во 2019 година.

Во првото полуфинале, Македонија загуби од Финска, со 1-3 (22-25, 25-20, 18-25 и 16-25), повторно во четири сета, како и на претходните два меча, играни на европските првенства во 2019 и во 2021 година. Македонските одбојкари нема да играат во петтото финале во оваа конкуренција, во која досега четири пати беше освоено второто и по еднаш третото и четвртото место.

Во второто полуфинале, фаворитот Романија го совлада домаќинот Унгарија, со 3-0 (25-20, 25-19 и 25-20). Победата во Сребрената лига значи играње во Златната лига следната сезона и парична награда од 50.000 евра.