ТЕНИС – НА ТУРНИРОТ ВО ФРАНЦИЈА

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски славеше со 2-0 во сетови (6-2 и 6-4) против Чехот Метју Вилијам Доналд (1.264-ти на АТП-листата), на почетокот на фјучерс-турнирот во францускиот град Поатје.
Иако чешкиот тенисер направи брејк на почетокот и имаше водство од 2-0 во гемови, сепак македонскиот тенисер продолжи одлично и со шест гема во низа го доби првиот сет. И покрај големиот отпор на ривалот во вториот сет, Ивановски повторно со нов брејк во десеттиот гем се пласира во осминафинале на турнирот, вреден 15.000 долари. Ивановски моментно е на 477-та позиција на АТП-листата, а на турнирот во Поатје е трет носител. Г.И.