Фото: Пиксабеј

ТЕНИС – ДЕЈВИС-КУП

Репрезентациите на Италија, САД, Канада, Шпанија, Холандија, Австралија, Германија и на Аргентина ќе играат на финалниот турнир на тенискиот Дејвис-куп, во ноември, во Малага (Шпанија). Тие ги освоија првите две места во четирите групи чии мечеви се играа викендов. Двојките ќе бидат одредени неделава, а Италија, Шпанија, САД и Канада ќе бидат носители, откако тие репрезентации беа првопласирани во своите групи.

Дејвис-купот се игра од 1900 година. Најуспешни се САД со 32 титули, потоа следуваат Австралија со 28, Велика Британија и Франција со по 10… Актуелен победник е селекцијата на Италија. Од годинашните четвртфиналисти, трофејот во Дејвис-купот досега го освоија седум репрезентации, и тоа, покрај селекциите на САД и на Австралија, уште и Шпанија шест пати, Германија трипати, Италија двапати и Аргентина и Канада по еднаш. Н.М.