Таа селекција се израмни со фудбалската, како единствени во Шпанија што досега ги освоиле сите три големи златни медали на меѓународната сцена, на олимписки, светски и на европски шампионати. Во други земји, во фудбалот, на пример, тројна круна имаат и машките селекции на Италија, Франција, Уругвај, Аргентина, Бразил… и женските репрезентации на САД, Германија и на Норвешка…
СО ТРИУМФОТ НА ЕП 2024
Шпанската ватерполо-репрезентација првпат стана европски првак, со победата во финалето на дуелот со Хрватска, на Европското првенство што се играше во Хрватска, со 11-10. Со тоа, таа селекција се израмни со фудбалската, како единствени во Шпанија што досега ги освоиле сите три големи златни медали на меѓународната сцена, на олимписки, светски и на европски шампионати, пишува шпанскиот дневен спортски весник „Марка“.
Селекцијата во ватерполо еднаш беше олимписки шампион (1996 година) и трипати светски првак (1998, 2001 и 2022 година), а во 35-те претходни изданија на континентални првенства имаше три порази во финалињата и четири бронзи, пишува „Марка“. Во фудбал, Шпанија ја освои европската титула победувајќи во 1964 година, потоа дојдоа олимпиското злато во 1992 година и триумфот на Светското првенство во 2010 година.
Уште три шпански репрезентации се на прагот на тројната круна, нешто што би можеле да го постигнат на Летните олимписки игри во Париз годинава доколку го освојат олимпиското злато, а тоа се машката кошаркарска репрезентација, машката ракометна репрезентација и женската ватерполо-репрезентација, пишува „Марка“.
Во други земји, во фудбалот, на пример, тројна круна имаат и машките селекции на Италија, Франција, Уругвај, Аргентина, Бразил… и женските репрезентации на САД, Германија и на Норвешка. Н.М.