Фото: ЕПА

Во пресрет на годинашниот Турнир на кандидатите (од 3 до 22 април) ви ги претставуваме досегашните циклуси (во претходните продолженија ги претставивме турнирите од 1953 до 1971 година)

ИСТОРИЈА НА ТУРНИРОТ НА КАНДИДАТИТЕ (4)

Турнирот на кандидатите, последниот тест што шахистот мора да го помине за да го предизвика светскиот шампион во шах, има богата историја, која датира од 1950 година. Овој настан се појави како одговор на потребата од систематски пристап за одредување на предизвикувачот на светскиот првак. Пред 1950 година, кандидатите мораа да се движат низ лавиринтот од преговори директно со шампионот, да обезбедат финансирање и да организираат меч, односно процес што немаше структура и конзистентност, пишува Светската шаховска федерација (ФИДЕ). Во пресрет на годинашниот Турнир на кандидатите (од 3 до 22 април) ви ги претставуваме досегашните циклуси (во претходните продолженија ги претставивме турнирите од 1953 до 1971 година).

ЕРАТА НА КАРПОВ (1977-1984)

Во деценијата по „Мечот на векот“, Русинот Анатолиј Карпов зеде замав и се претвори во водечки играч, победувајќи на Турнирот на кандидатите во 1974 година со што стана 12-ти светски шампион по повлекувањето на Фишер од шаховската сцена. Неговите историски дуели со Русинот Виктор Корчној, победник на Турнирот на кандидатите (1978 и во 1980 година), а подоцна и дуелите со Русинот Гари Каспаров, победник на Турнирот на кандидатите (1983-1984), се некои од највозбудливите поглавја на шаховската сага од 20 век.

РАЗНИШАН СТАБИЛНИОТ СИСТЕМ НА СП

Вториот дел од 80-тите години на минатиот век беше жешко време за шахот. Познатиот неограничен меч помеѓу Карпов и Каспаров во Москва (1984-1985), неговиот прекин, па повторен од 24 партии во 1985 година, во која Каспаров стана 13-ти светски првак, по што следуваше реванш во 1986 година. Оваа серија дуели го разниша стабилниот систем на светските првенства. Како резултат на тоа, квалификациите за натпреварот за светски шампион во 1987 година беа мешавина од формати. Шеснаесет играчи првпат одиграа кружна варијанта во Монпелје (Франција) во 1985 година, од кој четирите најдобри (Јусупов, Вагањан, Соколов и Тиман) се пласираа за нокаут-фазата. Тие одиграа серија партии во 1986 година, а победникот, Андреј Соколов, требаше да игра со Карпов, директен учесник во овој финален натпревар. Карпов уште еднаш го предизвика Каспаров, но му недостигаше една победа во мечот во 1987 година во Севилја (Шпанија). Каспаров ја доби 24-та партија, го израмни резултатот и со тоа ја задржа титулата.

ВРАЌАЊЕ НА ТУРНИРИТЕ (1988-1989)

За следниот циклус, повторно се врати турнирската фаза, но со 14 играчи, на кои Карпов им се приклучи во четврт-финалето, потоа победи и го одигра својот петти меч со Каспаров во Њујорк и во Лион во 1990 година, загубувајќи со 11,5-12,5. Г.И.

(Идната недела: Повторно обединување)