ФИА потврдува дека проучува решенија за намалување на прскањето вода од болидите при трка на дожд, решенија што би можеле да бидат подготвени за втората половина на 2023 година или можеби за 2024 година

ФОРМУЛА 1

Големото прскање што го создаваат сегашните болиди во Формула 1, со ограничено количество вода на површината на патеката, е нерешен проблем и една од главните поплаки од публиката и телевизиските мрежи, секогаш кога ќе се случи, пишува шпанскиот дневен спортски весник „Марка“ на својата интернет-страница. Трките на дожд се речиси откажани во минатата сезона.
Светската автомобилска федерација (ФИА) потврдува дека проучува решенија за овој проблем што би можеле да бидат подготвени за втората половина на 2023 година или можеби за 2024 година, а тие се штитници од кал на задната оска, што би ја ограничило водата што се крева, пишува „Марка“.
Техничкиот директор на ФИА, Николас Томбазис, објаснува дека тие браници би се користеле само за големи количества вода.
– Мислиме дека тоа ќе биде нешто што се користи само неколкупати годишно, можеби три… Не сакаме секојпат кога ќе падне капка дожд, одеднаш да треба да ги поставиш овие елементи – рече тој за „Моторспорт“, пренесе „Марка“.
ФИА веќе почна да спроведува некои компјутерски симулации за придобивките од имплементирањето на овие лакови на тркалата, но забележува дека не е лесна задача да се процени како влијаела видливоста со прскањето што се издига од гумите.
– Направивме многу симулации, бидејќи сакаме да се увериме дека ефектот на овие уреди е релативно низок врз целокупната аеродинамика. Уште има ефект, но не голем. Она што е предизвик во симулациите е одредувањето на релативната пропорција на она што доаѓа од дифузорот до она што доаѓа од гумите – вели инженерот на ФИА.
Ова е клучна точка, бидејќи според некои техничари на „Пирели“, проблемот со големата вода што ја создаваат автомобилите не доаѓа толку од страничните делови колку од центарот на големата кутија со дифузер што ја има, особено по имплементацијата на ефектот за надолна сила во 2022 година, пишува „Марка“.
– Откако ќе имаме решение, ќе направиме некои прототипови и ќе ги поставиме на некои автомобили за да се обидеме правилно да ги тестираме. Се надевам дека ќе има подобрување можеби за 50 проценти – рече тој.
Од друга страна, на трката што ќе почне со калниците, тие повеќе нема да бидат отстранети до крајот или доколку има долга пауза.
Не би барале да бидат инсталирани или отстранети набрзина. Значи нивното приспособување или отстранување би било пред трката или за време на црвено знаме. Ако трката почне со многу влажна патека и таа се исуши, тие ќе останат – вели тој, пренесе „Марка“.