Фото: ЕПА

Холанѓанецот на патеката во Шангај ја постигна 58-та победа во кариерата, на 30-та различна патека, а четврта од петте сезонава

ФОРМУЛА 1 – ГОЛЕМА НАГРАДА НА КИНА

Победа во спринтерската трка, пол-позиција и триумф за големата награда (ГН) на Кина, сето тоа го оствари лидерот во шампионатот и бранител на титулата во Формула 1, Макс Ферстапен, возачот на Ред Бул, на патеката во Шангај. Единствено Шпанецот Фернандо Алонсо го извозе најбрзиот круг и освои дополнителен еден бод. За Холанѓанецот ова беше 58. победа во кариерата, а 30-та на различна патека. Британецот Ландо Норис со Мекларен беше втор, а трет е Мексиканецот Серхио Перез со Ред Бул. Шампионатот продолжува со трката за ГН на САД во Мајами (на 5 мај).
– Одлично чувство. Бев неверојатно брз цел викенд. Беше задоволство да се вози автомобилот на секаков вид гуми. Ги преживеавме рестартовите на трката и болидот беше како на шини, па можев да правам што сакам на патеката. Одлично е да се доживуваат вакви викенди и фантастично е да се постигне она што го постигнавме – задоволно изјави задоволно Ферстапен по трката.
За трикратниот светски првак во низа ова беше четврта победа сезонава, на петтата трка во новиот шампионат, и по 102. пат се качи на подиумот, Норис 15-ти, а Перез 35-ти пат.
ПЛАСМАН НА ВОЗАЧИ: Макс Ферстапен (Холандија) 110 бода, Серхио Перез (Мексико) 85, Шарл Леклер (Монако) 76, Карлос Саинц јуниор (Шпанија) 69, Ландо Норис (Велика Британија) 58, Оскар Пјастри (Австралија) 38, Џорџ Расел (Велика Британија) 33, Фернандо Алонсо (Шпанија) 31, Луис Хамилтон (Велика Британија) 19, Ленс Строл (Канада) девет, Јуки (Јапонија) седум, Оливер Берман (Велика Британија) шест, Нико Хулкенберг (Германија) четири, Кевин Магнусен (Данска) еден.
ПЛАСМАН НА КОНСТРУ­КТОРИ: Ред Бул 195 бода, Ферари 151, Мекларен 96, Мерцедес 52, Астон Мартин 40, РБ 7, Хас 5. Г.И.