На тимовите ќе им биде дозволено да трошат 3,1 отсто повеќе од претходно, откако годинашната граница на трошоците беше поставена на 140 милиони долари
Буџетската граница во Формула 1 (Ф1) е зголемена како резултат на инфлациската криза, која влијае на глобалниот финансиски систем, пишува „Би-би-си“.
На тимовите ќе им биде дозволено да трошат 3,1 отсто повеќе од претходно, откако годинашната граница на трошоците беше поставена на 140 милиони долари.
Дополнително, воведувањето на техничката директива за контрола на отскокнувањето на болидите и други поврзани технички работи на болидите е одложено до трката во Белгија, за да им се даде на тимовите повеќе време да се усогласат.
Во изјавата на Светската автомобилска федерација (ФИА) по состанокот на Комисијата на Формула 1, во која се вклучени тимовите, Ф1 и ФИА, се додава дека регулативите за моторите во 2026 година се „блиску до финализирање“.