ЏИУ-ЏИЦУ – ЕП ВО ФРАНЦИЈА

Македонската репрезентативка во џиу-џицу Катерина Ацевска го освои бронзениот медал на Европското првенство (ЕП) во возрасните категории до 16, до 18 и до 21 година, кое се одржа викендов во францускиот град Веркуин.
Ацевска (тежинска категорија над 71 кг), која настапи во возрасната категорија (до 21 година), во борбата за бронзениот медал славеше над унгарската претставничка Ана Вираг Дудаш со 17-12, откако успеа да се врати по негативата од 1-9.
Од другите македонски претставници, Данил Николиски (до 55 кг) заврши на петтата позиција, додека Ева Димитрова, која настапи во истата категорија како и Ацевска, го освои седмото место.
На ЕП настапија 819 натпреварувачи/ки од 27 држави, а боите на Македонија ги бранеа петмина репрезентативци, предводени од селекторот Александар Ацевски. Г.И.