Македонските сениорски репрезентативци во бокс Гоце Јанески и Јасин Љама од денеска се во задолжителна домашна самоизолација, откако заврши периодот на 14-дневен карантин. По испитувањата потврдено е дека и двајцата се негативни на ковид-19.
Јанески и Љама на почетокот од март настапија на олимпискиот квалификациски турнир во Лондон, по само два дена од почетокот на натпреварите, турнирот беше прекинат од страна на организаторите поради пандемијата од коронавирусот.
Репрезентативците Јанески и Љама поради проблемот со затворените аеродроми на 29 март се вратија во Скопје, при што боксерската федерација на Македонија имаше помош од македонските амбасади во Лондон и во Софија, како и од Генералниот секретар на Владата д-р Драги Рашковски.