Хамилтон веќе го држеше рекордот со најмногу победи во Ф1, пред Михаел Шумахер со 91 триумф
Британскиот автомобилист Луис Хамилтон (Мерцедес) ја забележа својата 100-та победа во трките во Формула 1, откако славеше во трката во Русија, која се возеше во Сочи. Хамилтон веќе го држеше рекордот со најмногу победи во Ф1, пред Михаел Шумахер со 91 триумф. До крајот на сезоната има уште седум трки. Со победата, Хамилтон се врати на врвот и има предност во трката за титулата, со 246,5 бода, два повеќе од Фрестапен, трет е Валтери Ботас со 151…
Хамилтон го искористи силниот дожд и ги сруши надежите на Ландо Норис, кој поради ненавремено менување на гумите за дожд, не успеа да ја забележи својата прва победа. Хамилтон беше прв, со 53 секунди пред Холанѓанецот Марк Ферстапен (Ред Бул), а Шпанецот Карлос Сајнц (Ферари) заостана 1,02 минута. Австралиецот Даниел Рикардо (Мекларен) е четврти, а во првите пет е и Финецот Ботас (Мерцедес).
Дождот му помогна и на ривалот за титулата на Хамилтон, Макс Ферстапен, кој од седмата заврши на втората позиција, откако ја темпираше промената на гуми за дожд.