Десетта година едноподруго, реномираниот ракометен портал „Хендбал планет“ ги објави номинациите за избор на најдобар играч и најдобар состав за 2020 година. Меѓу 32-те имиња во годинашниот избор, осум ракометари се од регионот, централните бекови Петар Ненадиќ (Веспрем), Лука Циндриќ (Барселона), Домагој Дувњак и Миха Зарабец (Кил), левото крило Мануел Штрлек (Веспрем), десното крило Блаж Јанц (Барселона), голманот Бенјамин Буриќ (Фленсбург) и дефанзивецот Блаж Благотиншек (Веспрем). Во досегашните девет избори двапати признанието за најдобар светски ракометар го понеле Французинот Никола Карабатиќ (2014 и 2015 година) и Данецот Микел Хансен (2016 и 2019-та). Од досегашните победници Норвежанецот Сандер Сагосен (2018), Хрватот Дувњак (2013) и Хансен и овој пат се во конкуренција за избор. „Хендбал планет“ номинира и четворица тренери (Чави Пасквал, Филип Јиха, Лино Червар и Жорди Рибера) во изборот за најдобар за 2020 година.
ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ
2011 г. Ласло Наѓ
2012 г. Филип Јиха
2013 г. Домагој Дувњак
2014 г. Никола Карабатиќ
2015 г. Никола Карабатиќ
2016 г. Микел Хансен
2017 г. Арпад Штербик
2018 г. Сандер Сагосен
2019 г. Микел Хансен