Ракометарките на Металург не успеаја да се пласираат во второто коло од Европскиот куп (ЕК), иако во вториот натпревар го совладаа Дуделанж од Луксембург со 22-19.
Во првиот меч победи Дуделанж, со 27-18, па на крајот пресуди гол-разликата. И двата натпревара се играа во Луксембург. Кај девојките од Автокоманда, најпрецизна на втората средба беше младата репрезентативка Ива Младеновска, која девет пати ја затресе противничката мрежа, а на голот одлична беше Амра Илјаз, со 12 одбрани, од кои три седмерци.
Во второто коло не се пласира и екипата на Чаир, која двапати загуби на гости од претставникот на Фраски Острови, Х71 со .26-43, односно 27-35. Г.И