За секоја позиција има по шест кандидати. Гласањето трае до денеска на полноќ. Олстар-тимот и најкорисниот играч (МВП) ќе бидат објавени утре, пред дуелите за медали

РАКОМЕТ – ИЗБОР НА ОЛСТАР-ТИМ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави имињата на 48-те номинирани играчи за олстар-тимот на 16. Европско првенство 2024 (ЕП), кое се одржува во Германија до недела, кога на програмата се финалниот дуел и мечот за третото место. За секоја позиција има по шест номинирани играчи. Најмногу ракометари, по шест, се номинирани од репрезентациите на Австрија, Данска, Франција, Германија, а најмалку од Норвешка, само еден.
Процесот на избор е комбиниран, освен ракометните вљубеници (40 отсто од гласовите), ќе гласа и стручниот тим на ЕХФ (60 отсто од гласовите). Гласањето почна во четвртокот, а ќе заврши денеска на полноќ. Олстар-тимот ќе биде објавен пред дуелите за медали. Стручниот тим на експерти од ЕХФ ќе го избере и најкорисниот ракометар (МВП) на ЕП. Сите што се заинтересирани можат да гласат на апликацијата на ЕХФ, односно на линкот: Home of Handball app for the Men`s EHF EURO 2024 ALL-star Team.


Во изборот на најдобрите се следните ракометари:

ГОЛМАНИ: Константин Мостл (Австрија), Доминик Кузмановиќ (Хрватска), Емил Нилсен (Данска), Самир Белансен (Франција), Андреас Волф (Германија), Андреас Паличка (Шведска).
ЛЕВИ КРИЛА: Себастијан Фримел (Австрија), Емил Јакобсен (Данска), Бјарки Мал Елисон (Исланд), Рутгер тен Велде (Холандија), Александар Блонц (Норвешка), Хампус Ване (Шведска).
ЛЕВИ БЕКОВИ: Никола Билик (Австрија), Симон Питлик (Данска), Никола Карабатиќ (Франција), Јулијан Костер (Германија), Мартим Коста (Португалија), Борут Мачковшек (Словенија).
СРЕДНИ БЕКОВИ: Лукас Хутечек (Австрија), Недим Ремили (Франција), Јури Кнор (Германија), Лук Стеинс (Холандија), Алекс Влах (Словенија), Џим Готфридсон (Шведска).
ДЕСНИ БЕКОВИ: Матијас Гидсел (Данска), Дика Мем (Франција), Габор Анчин (Унгарија), Омар Игни Магнусон (Исланд), Франциско Коста (Португалија), Нилс Верстјенен (Холандија).
ДЕСНИ КРИЛА: Роберт Вебер (Австрија), Марио Шоштариќ (Хрватска), Тимо Кастенинг (Германија), Педро Портела (Португалија), Гашпер Маргуч (Словенија), Себастијан Карлсон (Шведска).
ПИВОТИ: Тобијас Вагнер (Австрија), Магнус Саугструп (Данска), Лудовик Фабрегас (Франција), Јоханес Гола (Германија), Бенце Банхиди (Унгарија), Луис Фраде (Португалија).
ДЕФАНЗИВЦИ: Верон Начиновиќ (Хрватска), Магнус Саугструп (Данска), Лука Карабатиќ (Франција), Јулијан Костер (Германија), Адријан Шипош (Унгарија), Оскар Бергендал (Шведска). Г.И.