Репрезентацијата на Словенија од групата Д, Шведска и Холандија од групата Е, како и Данска и Португалија од групата Ф обезбедија по воведните две кола настап во втората фаза на Европското првенство во Германија.
Шанса да им се приклучи на петте селекции изминатата вечер пропушти Норвешка, откако поранешните двократни светски прваци испуштија три голови предност против Фарски Острови во завршните 100 секунди на натпреварот кој по продолжение заврши нерешено 26-26.
Со нерешениот резултат, ракометарите на Фарски Острови дојдоа до својот прв пат на ЕП и останаа во игра за пласман во вториот круг.
Норвежаните сè уште можат да завршат првопласирани во групата, но, исто така, можат да останат и без пласман во вториот круг, доколку во последното коло загубат од Словенија, а Фарски Острови против веќеотпишаната Полска забележи убедлива победа.
ЕП за ракометари, прв круг – 2 коло
Група Д (Берлин)
Полска – Словенија 25-32 (14-20)
Фарски Острови – Норвешка 26-26 (12-13)
Словенија 2 2 0 0 64-54 4
Норвешка 2 1 1 0 58-47 3
Фарски Острови 2 0 1 1 55-58 1
Полска 2 0 0 2 46-64 0
Група Е (Манхајм)
БиХ – Холандија 20-36 (7-17)
Грузија – Шведска 26-42 (9-23)
Шведска 2 2 0 0 71-46 4
Холандија 2 2 0 0 70-49 4
Грузија 2 0 0 2 55-76 0
Босна и Херцеговина 2 0 0 2 40-65 0
Група Ф (Минхен)
Чешка – Португалија 27-30 (7-13)
Грција – Данска 28-40 (13-20)
Данска 2 2 0 0 63-42 4
Португалија 2 2 0 0 61-51 4
Чешка 2 0 0 2 41-53 0
Грција 2 0 0 2 52-71 0.