РАКОМЕТ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024

По убедливата победа над Луксембург со 38-24, македонската ракометна сениорска репрезентација утре, во Ван (16 часот), ќе игра против соодветната селекција на Турција во второто коло од групата 1, во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП), во 2024 година во Германија. Турција загуби на гостувањето во Португалија со 27-44.

Црвено-жолтите, кои во овие квалификации се во видно изменет состав, без неколку поранешни клучни играчи, досега настапиле седум пати на ЕП, немаат играно со Турција на ЕП, но затоа имаат играно во квалификациите за ЕП 2020, кога Македонија дома победи со 31-22, а на гости со 26-25.

Двете најуспешни селекции од секоја од осумте групи патуваат на ЕП 2024, заедно со четирите најдобри третопласирани репрезентации. Домаќинот Германија и носителите на медали од ЕП 2022, Шведска, Шпанија и Данска, веќе обезбедија учество на првенството. Г.И.