Младиот македонскиот возач Ристо Вуков – Рико го промовираше своето ново тркачко возило Порше 992 ГТ3, а љупбопитните посетители имаа можност одблизу да го видат тркачкиот модел со 510 коњски сили и да се запознаат и да се сликаат со Рико.
Македонскиот пилот Ристо Вуков својата кариера ја гради надвор од Македонија, така што три години по ред настапува во Порше Карера Куп Италија.
Оваа сезона тој најави префрлање во Порше Суперкуп, кое е највисока форма на овие трки со легендарните ГТ возила, а се организираат заедно со Формула 1.
За утре е закажана парада на тркачките возила од Порше суперкупот, која ќе ја предводи Ристо Вуков. Ревијалното возење ќе започне во 14 ч низ улиците на Скопје, а потоа тркачките возила ќе се натоварат на камиони кои ќе ги пренесат до Италија.