КОШАРКА
Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и Женската национална кошаркарска асоцијација (ВНБА) објавија почеток на јуниорските НБА-лиги, мрежа на младински кошаркарски првенства за момчиња и за девојчиња на возраст од шест до 14 години, објави НБА на својата интернет-страница. Програмата има цел да достигне речиси половина милион учесници во првите пет години.
– Младинскиот кошаркарски екосистем доживеа уникатни предизвици во текот на изминатите две и повеќе години и ние сме посветени на справување со тие предизвици со програми како јуниорски НБА-лиги, што е најекспанзивната основана кошаркарска иницијатива што некогаш сме ја почнале во САД – изјави постариот потпретседател на НБА, шеф за развој на младинска кошарка, Дејвид Кричавски, пренесе НБА.