Трите македонски клуба во квалификациите за фудбалската Лига Европа (ЛЕ), Силекс, Ренова и Шкендија, денеска ги играат натпреварите од второто коло. Силекс, кој не ја помина првата пречка во квалификациите за Лигата на шампионите, се среќава со Дрита од Косово (арена „Тодор Проески“, од 20 часот). Ренова, која во првото коло беше поуспешна на гости од Алашкерт од Ерменија (1-0), игра против хрватскиот Хајдук (тренинг-центар на ФФМ, од 15.30 часот). Шкендија, која во првата рунда го елиминира Самгајит од Азербејџан (2-0), повторно гостува, овој пат во Романија, на Ботошани (од 17.45 часот). Се игра само по еден натпревар, без гледачи.