Во таа 10-члена група играчи, најмногу има од двата клуба од Манчестер, Сити и Јунајтед, шестмина, двајца од Арсенал и по еден од Челси и од Ливерпул
Не е никаква тајна дека англиската Премиер-лига е преплавена со пари. Пред неколку години челниците на Лигата, која функционира како корпорација, потпишаа доходен договор за пренос на натпреварите на ТВ во Велика Британија и во светот вреден над девет милијарди евра. Ако на тоа се додаде дека клубови како Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, Арсенал, па и Ливерпул имаат газди со длабоки џебови, не е изненадување што играчите во најдобрите англиски клубови заработуваат многу пари.
Деновиве американскиот портал Спортрак, кој се занимава со финанисиите во спортот, објави податоци, кои потоа ги пренесе магазинот „Бизнис-инсајдер“, за 10-те најплатени фудбалери во англиската Премиер-лига во минатата 2017/2018 сезона. Во таа 10-члена група играчи, најмногу има од двата клуба од Манчестер, Сити и Јунајтед, шестмина, двајца од Арсенал и по еден од Челси и од Ливерпул.
Најдоброплатен е Чилеанецот Алексис Санчез, кој во Манчестер јунајтед има неделна плата од 315.000 фунти (402.150 долари или 352.930 евра) или на годишно ниво над 20 милиони долари. Освен Санчез, само Месут Озил од Арсенал заработува над 300.000 фунти, 306.250 неделно (или 390.980 долари). Натаму следуваат Погба со неделна плата од 290.000 фунти (370.230 долари), па сѐ до Кејн, Азар, Лаказет, Кејн, Салах и Де Хеа, кои добиваат по 200.000 фунти неделно (255.300 долари).