Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски повика 23 фудбалери за претстојните два натпревари против Австрија и Израел, во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) в година.
Дебитант во А селекцијата е фудбалерот на Вардар, Даниел Аврамовски, а во составот се враќа Никола Ѓорѓев од швајцарски Грасхоперс. Аврамовски моментно е прв стрелец во македонското првенство со осум погодоци.
Висар Муслиу, Бобан Николов и Илија Несторовски поради жолти картони нема да бидат во комбинација за настап за натпреварот против Австрија, додека Аријан Адеми ќе ги пропушти последните дуели од циклусот поради повреда.
Македонија ќе се сретне со Австрија во Виена, на 16 ноември, а три дена подоцна ќе го пречека Израел на национална арена „Тодор Проески“.