Десетте места се за уште три тима од Ј. Америка, по два од Азија и од Африка и по еден од С. Америка, Европа и од земјата-домаќин. Од Европа досега се пласираа Челси, Реал М., Манчестер С., Баерн, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Д., Јувентус и Атлетико М., а ќе игра и Салцбург или Арсенал
Атлетико Мадрид е 11-от тим од Европа што се пласира на инаугуративното фудбалско клупско Светско првенство (СП), в година во САД. Поразот на Барселона од Пари сен Жермен во четврт-финалето на Лигата на шампионите (ЛШ) значи дека Атлетико обезбеди место на клупскиот Мундијал преку ранг-листата на Европската фудбалска унија (УЕФА).
Новото натпреварување со 32 тима вклучува клубови од секоја од шесте конфедерации. Досега клупски мундијал се играше секоја година, а од изданието во 2025 година ќе се игра секои четири години. Европа има вкупно 12 места на СП 2025, со ограничување од најмногу два клуба од иста земја. Атлетико е 22-от тим што се пласира на СП 2025. Според информациите, 10-те места се за уште три тима од Јужна Америка, по два од Азија и од Африка и по еден од Северна Америка, Европа и од земјата-домаќин.
Од Европа пласман претходно обезбедија Челси, Реал Мадрид и Манчестер сити како победници на ЛШ во претходните три сезони, како и Баерн, Пари сен Жермен, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд и Јувентус, врз основа на нивните перформанси во ЛШ во изминатите четири сезони, вклучувајќи ја и тековната, пишува Светската фудбалска федерација (ФИФА). Годинашниот победник во ЛШ ќе биде 12-от тим од Европа, но ако некој клуб победи на две или повеќе изданија на најдоброто клупско натпреварување на конфедерацијата во периодот од 2021 до 2024 година, ранг-листата ќе се користи за пласман. Со оглед на екипите што остануваат во ЛШ сезонава и екипите што веќе имаат резервирано место за СП 2025, Салцбург од Австрија ќе се приклучи на списокот на европските клубови ако некој друг клуб освен Арсенал го освои трофејот годинава, пишува ФИФА. Н.М.