Барабаните беа формирани според резултатите на репрезентациите остварени во Лигата на нациите, во сезоната 2022/2023. Најмногуброен е првиот, со девет или најмногу десет селекции, од петтиот има една репрезентација, а ниту една селекција од шестиот
ФУДБАЛ
Со синоќешните мечеви завршија квалификациите за пласман на фудбалското Европско првенство (ЕП) годинава во Германија, на кое ќе играат репрезентации од пет од шесте барабани одредени пред ждрепката за квалификациските групи.
Единствена селекција од петтиот барабан на ЕП 2024 ќе биде Словачка, четвртиот ќе биде застапен со две репрезентации, Турција и Грузија или Грција, кои вчера играа меѓу себе во плејофот, а третиот со четири, и тоа Словенија, Албанија, Романија и Украина или Исланд, кои, исто така, се сретнаа меѓу себе во баражот.
Најмногуброен е првиот барабан, со девет или најмногу десет репрезентации, и тоа Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Данска, Португалија, Белгија, Унгарија и Швајцарија, и Полска, ако победила синоќа (играше на гости со Велс).
Од вториот барабан на ЕП 2024 се пласираа шест или седум репрезентации, Франција, Австрија, Чешка, Англија, Србија и Шкотска, и Велс, ако се пласирал синоќа (играше дома со Полска). На годинашното континентално првенство ниту една селекција нема од шестиот барабан, во кој беа сместени три репрезентации (во преостанатите имаше по 10).
Од првите четири барабани играа во плејофот, и тоа Полска од првиот, Велс, Израел, БиХ и Финска од вториот, Украина, Исланд и Луксембург од третиот, како и Грузија, Грција, Казахстан и Естонија од четвртиот. Барабаните беа формирани според резултатите на репрезентациите остварени во Лигата на нациите, во сезоната 2022/2023. Н.М.