По триумфот на Манчестер сити во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) полека се оформува и составот на барабаните за ждрепката за новата сезона на ЛШ.
Така, според неофицијалните информации, во првиот барабан би биле Манчестер сити, Севилја, Барселона, Наполи, Баерн, ПСЖ, Бенфика и Феенорд, а во вториот би биле Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед, Арсенал, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Интер и Порто итн.
Според правилата за ждрепка, екипи од иста земја нема да можат да играат во иста група.