ФУДБАЛ
Со утрешните квалификациски мечеви почнува 17-то издание на Голд-купот, фудбалското првенство на Северна Америка. Вкупно 12 репрезентации, поделени во три групи, во следните десетина дена во САД ќе играат за преостанатите три места на Голд-купот, чија групна фаза почнува на 24 јуни и чии домаќини се САД и Канада. Ќе настапат вкупно 16 селекции.
Голд-купот се игра секои две години. Титулата ја брани селекцијата на САД. Најуспешна е репрезентацијата на Мексико со осум титули, потоа се САД со седум и Канада со една.
Голд-купот е единственото континентално натпреварување годинава во светот. Во јануари в година на програмата се првенствата на Азија и на Африка, во јуни треба да се играат шампионатите на Европа и на Јужна Америка, а за 2024 година е предвидено и првенството на Океанија. Н.М.