ФУДБАЛ
- Тимот на тренерот Луис Енрике го освои шестиот трофеј годинава
Пари сен Жермен го победи Фламенго по изведување пенали (2-1, откако по 120 минути игра беше 1-1) и го освои фудбалскиот Интерконтинентален куп што се играше во Катар, со што го обезбеди шестиот трофеј годинава, во меч во кој голманот Матвеј Сафонов одбрани четири пенали по ред за време на изведувањето пенали, пишува „Би-би-си“.
Европскиот првак Пари сен Жермен е втор победник на Интерконтиненталниот куп, по триумфот на Реал Мадрид, кој во минатата година ја освои првата титула во тоа натпреварување на Светската фудбалска федерација (ФИФА), во кое играат шесте континентални прваци, а европскиот шампион добива директно место во финалето.
Тимот на тренерот Луис Енрике во минатата сезона ги освои домашната титула и трофејот во Купот на Франција, потоа стана европски првак, ги освои Трофејот на шампионите (Суперкупот на Франција) и Суперкупот на Европската фудбалска унија (УЕФА), а сега и титулата во Интерконтиненталниот куп. Н.М.

































