Фото: Игор Бансколиев

Само победа ни одговара и нам, но и на Украина, за да се најдеме во оптимална ситуација пред ноемвриските дуели. Очекувам отворен натпревар, бидејќи нема да се игра на реми. Сакаме да победиме, работиме само за таков исход, без разлика против кој ривал играме, рече Милевски, пренесе ФФМ

ФУДБАЛ – СЕЛЕКТОРОТ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ ЗА МЕЧОТ СО УКРАИНА ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2024

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски го објави списокот со 25 играчи за квалификацискиот натпревар со Украина, во Прага (Чешка), на 14 октомври, за пласман на Европското првенство (ЕП) в година во Германија и за пријателската средба со Ерменија, во Струмица (17 октомври).
Во групата Ц води Англија со 13 бода од пет средби, по седум бода освоија Италија (од четири меча), Украина и Македонија (двете по пет средби), а Малта е без бодови (од пет меча). На ЕП 2024, покрај домаќинот Германија, ќе се пласираат двеte првопласирани репрезентации од секоја од десетте квалификациски групи, како и трите репрезентации што ќе победат во плејофот на Лигата на нации.
– Веќе влегуваме во завршницата и сите натпревари се клучни. Само победа ни одговара и нам, но и на Украина, за да се најдеме во оптимална ситуација пред ноемвриските дуели. Очекувам отворен натпревар, бидејќи нема да се игра на реми. По ова ни следуваат дуелите со Италија и со Англија, па ќе видиме. Анализиран е првиот натпревар со Украинците, особено тие завршни 30 минути. Воочени се аномалиите и позитивните работи. Во функција на тоа што планираме е и списокот. Ќе мора многу работи да поправиме од првиот меѓусебен меч. Сакаме да победиме, работиме само за таков исход, без разлика против кој ривал играме. Атмосферата по септемвриските натпревари е подобра. Момците пред тие два меча донесоа позитивна атмосфера – рече Милевски, пренесе Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Во групата Ц на 14 октомври е и мечот Италија – Малта. Македонија во вториот октомвриски термин, на 17 октомври, ќе игра тест-меч со Ерменија, во Струмица, а во групата Ц на програмата се дуелите Англија – Италија и Малта – Украина.
Првиот собир на селекцијата за претстојните натпревари е закажан в понеделник, во Скопје. Н.М.


МАКЕДОНИЈА

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Игор Алексовски (Работнички)
ОДБРАНА: Висар Муслиу (Падерборн, Германија), Тодор Тодоровски (Зте, Унгарија), Никола Серафимов (Фехервар, Унгарија), Јован Манев (Осиек, Хрватска), Езѓан Алиоски (Ал Ахли, Саудиска Арабија), Бојан Димоски (Акрон, Русија), Ахмет Иљазовски (Хвидовре, Данска), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)
СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Трабзонспор, Турција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Аријан Адеми (Динамо, Хрватска), Јани Атанасов (Краковија, Полска), Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Давид Бабунски (Мезоковешд, Унгарија), Исник Алими (Сепси, Романија)
НАПАД: Бојан Миовски (Абердин, Шкотска), Милан Ристовски (Спартак Трнава, Словачка), Дарко Чурлинов (Барнли, Англија), Ваљон Етеми (Истанбулспор, Турција), Љупче Дориев (Согдиана, Узбекистан), Александар Трајковски (Хајдук, Хрватска), Димитар Митровски (Вараждин, Хрватска)


ГРУПА Ц

Украина – Македонија 14.10
Италија – Малта 14.10

ТАБЕЛА
Англија 5 4 1 0 16-2 13
Италија 4 2 1 1 6-4 7
Украина 5 2 1 2 6-7 7
Македонија 5 2 1 2 7-12 7
Малта 5 0 0 5 1-11 0