Стадионот „Сан Сиро“ во италијанскиот град Милано ќе биде домаќин на двата меча од осминафиналето во годинашната Лига на шампионите (ЛШ). Две од најголемите и најисториски имиња во европскиот фудбал вечерва (21 часот) ќе ги одмерат силите во ЛШ, а официјално Милан му гостува на градскиот ривал Интер во првиот полуфинален натпревар во ЛШ.
Речиси точно 20 години откако последен пат се сретнаа во полуфиналето на ЛШ, градските ривали Милан и Интер се подготвени за она што сигурно се очекува да биде фасцинантен натпревар.
Секако дека ниту една од овие две страни не очекуваше да стигне до оваа фаза од ЛШ оваа сезона, а кој и да победи, сепак се чини ќе биде аутсајдер во финалето против шпански Реал Мадрид или англискиот Манчестер сити, чиј, пак, прв натпревар беше предвиден да се игра синоќа.
Италија годинава има тимови во полуфиналињата во секој од трите европски фудбалски купа, вкупно пет. Интер и Милан се во ЛШ, Рома и Јувентус во Лига Европа и Фиорентина во Конференциската лига. Г.И.