ФУДБАЛ

Килијан Мбапе постигна гол по само осум секунди игра на мечот Пари сен Жермен – Лил (7-1). ПСЖ ја прокнижи третата победа на трите меча во новата сезона во Лига 1, притоа постигнувајќи 16 гола. Мбапе со рано постигнатиот гол го израмни 30-годишниот рекорд во Лига 1 поставен од Мишел Рио, за Каен, на мечот против Кан, на 15 февруари 1992 година.
Ова беше најголемата победа на ПСЖ над Лил, кој беше првак на Франција во сезоната 2020/2021 година. Мбапе постигна уште хет-трик, два даде Нејмар, а Лионел Меси и Ахраф Хакими по еден. Л.Д.