ФУДБАЛ – ГОЛД-КУП

Јамајка – Мексико и САД – Панама се полуфиналните двојки на годинашниот Голд-куп, фудбалското првенство на Северна Америка, што се игра во САД и во Канада. Истите репрезентации се пласираа во полуфиналето на Голд-купот во 2015 година.
Во двата четвртфинални меча вчера, на 17-то издание на континенталното првенство, репрезентацијата на Јамајка ја победи селекцијата на Гватемала со 1-0, а САД на пенали славеа во возбудливиот дуел со Канада, откако мечот по 120 минути игра заврши нерешено, 2-2.

САД поведоа во 88. минута, Канада израмни од пенал во третата минута од судиското продолжение, потоа, во продолженијата, Канада поведе во 109. минута, а САД израмнија со автогол шест минути подоцна. Полуфиналињата на програмата се в четврток. Титулата ја брани селекцијата на САД.