Фото: ЕПА

На теренот можете да очекувате неверојатен фудбалски натпревар, а на полувремето ќе имате изведби со висока енергија. Згора, „Тајмс сквер“, едно од најпознатите места во светот, ќе стане фокус на навивачите за време на викендот на финалето на СП. Ќе настапат некои од најголемите светски музички изведувачи, во живо, вклучувајќи и четири вклучувања во живо во глобалниот пренос на мечот за бронзениот медал во Мајами и финалето што ќе го видат милијарди луѓе во светот. Едноставно, во 2026 година ќе ја доживееме најдобрата прослава досега, рече Инфантино, претседател на ФИФА

ФУДБАЛ

Меѓународното тело за образование и застапување „Глобал ситизен“ ќе работи заедно со Светската фудбалска федерација (ФИФА) за организација на првата забава на полувремето од финалето на Светското првенство (СП) в година, објави ФИФА.
– Тоа ќе биде историски момент за Светското првенство и шоу достојно за најголемите спортски настани во светот. Сите ја знаеме моќта на фудбалот во обединувањето на светот, но сакавме да одиме чекор понатаму со спојување на фудбалот и забавата за некои многу посебни, многу уникатни моменти на СП 2026 – рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Хју Еванс, основач и извршен директор на „Глобал ситизен“, даде дополнителни детали.
– Шоуто на полувремето ќе биде револуционерен момент, каде што ќе се спојат спортот, музиката и културата, славејќи ја уникатната моќ на фудбалот да нѐ зближи сите. Ќе има изведби со висока енергија и соработки од најголемите светски уметници, за американска и за глобална публика. Ќе создадеме атмосфера нималку слична на она што било досега, иконски момент што ќе го плени светот. И ние целиме на две милијарди гледачи, што ќе понуди невидена можност за вистинските партнери, создавајќи неспоредлив досег – рече извршниот директор на „Глобал ситизен“, пренесе ФИФА.
Уште еднаш првпат, „Тајмс сквер“ ќе стане фокусна точка за навивачите во Њујорк и во Њу Џерси за време на финалниот викенд на Светското првенство во 2026 година, а иконската раскрсница ќе стане локација за страсните фудбалски поддржувачи, семејствата и пријателите, да создаваат спомени уживајќи во живите настапи од најголемите светски уметници додека ги гледаат натпреварот за бронзениот медал и финалето на Светското првенство, пишува ФИФА.

– На теренот можете да очекувате неверојатен фудбалски натпревар, а на полувремето ќе имате изведби со висока енергија на некои од врвните дела во светот. Тоа ќе биде навистина настан што не се пропушта, со глобална публика од две милијарди и повеќе. Згора, „Тајмс сквер“, едно од најпознатите места во светот, кое дневно привлекува над 300.000 посетители, ќе стане фокус на навивачите за време на викендот на финалето на СП. Ќе настапат некои од најголемите светски музички изведувачи, во живо на сцената, вклучувајќи и четири вклучувања во живо во глобалниот пренос на натпреварот за бронзениот медал во Мајами и самото финале што ќе го видат милијарди луѓе во светот. Едноставно, во 2026 година ќе ја доживееме најдобрата прослава досега – рече Инфантино. Н.М.