Фото: Игор Бансколиев

ФУДБАЛ

Форест грин роверс ја назначи Хана Дингли за привремен главен тренер и со тоа таа стана првата жена што ќе води машки професионален сениорски тим во Англија, пишува „Скај спорт“. Клубот ја назначи Дингли по заминувањето на Данкан Фергусон, кој беше тренер на Форест грин роверс од јануари годинава, но не можеше да го задржи тимот во Лига 1 (трето ниво во англискиот фудбал).
– Навистина сум возбудена за овој следен чекор од мојата кариера. Претсезоната штотуку почна, а целата сезона почнува многу наскоро. Ова е возбудлив период во фудбалот. Благодарна сум за можноста да водам таков прогресивен и напреден клуб – рече Дингли.