ФУДБАЛ – СУПЕРКУП

Освојувачот на Лигата на шампионите (ЛШ), англискиот првак Манчестер сити, дури по подоброто изведување пенали (5-4) славеше во Суперкупот на УЕФА против шпанска Севилја, годинашниот победник во Лига Европа, откако во регуларниот тек беше 1-1. Натпреварот се одигра во Пиреја, Грција.
Во првите четири серии фудбалерите од двете екипи беа прецизни, а во петтата, за Манчестер сити реализираше Калл Вокер, а Немања Гудељ од Севилја ја погоди пречката, за почеток на славјето на англискиот клуб, кој првпат во својата историјата го подигна славеничкиот пехар. За Севилја, пак, ова беше седмо учество, а победи само во 2006 година.
– Задоволен сум што освоивме уште еден трофеј. Севилја е одличен клуб, кој ни создаде многу проблеми на мечот. Особено лошо одигравме во првите 10 минути. Но, потоа почнавме да ја практикуваме нашата препознатлива игра и имавме можност да победиме и во регуларниот тек. Но, таков е фудбалот, пред некој ден загубивме на пенали, а сега се радуваме по нивното изведување – изјави менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола. Г.И.